Пред полноќ апсење на Табановце

Еден час пред полноќ на Граничен премин Табановце, за влез во Македонја, се пријавил 26-годишниот М.Џ. од селото Бузалково-Велес.

По извршената пасошка контрола, утврдено е дека тој се бара за издржување казна затвор во траење од  20 дена, за сторено кривично дело загрозување на безбедноста на сообраќајот.

Велешанецот бил веднаш лишен од слобода.

Во 23 часот и 40 минути со Потврда за предавање на лице, лицето било предадено на полициски службеници од СВР-Куманово, за понатамошна постапка.

 

 

 

09.07.2017 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега