25 работници се затруле со храна во фабриката „Леар" во Тетово

Во текот на вчерашниот ден во 10 часот и 30 минути во Клиничка болница-Тетово, околу 25 вработени во фирмата “Леар“ лоцирана во слободна индустриска зона до регионалниот пат Тетово-село Желино, побарале лекарска помош поради труење со храна која ја конзумирале во кујната на фабриката.

По укажаната лекарска помош истите биле пуштени на домашно лекување.

Од страна на увидна екипа од СВР Тетово заедно со Дежурен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Тетово, претставници од Државен санитарен и здравствен инспекторат, претставници од Центар за јавно здравје и претставниџи од Агенција за храна и ветеринарство-Тетово било излезено на лице место и било извршено фотодокументирање.

 

 

 

09.07.2017 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега