Нема крај на несреќите во Македонија: Прегазени двајца пешаци

Во текот на вчерашниот ден се пријавени две несреќи со прегазени пешаци во Македонија. првата несреќа се случила во 8 часот и 40 минути во Неготино, на улицата „Ацо Аџи Илов“, кога моторно возило “Фолксваген Голф“ со неготински регистарски ознаки управувано од 39-годишниот И.Ј. удрило во пешак.

Се работи за 75-годишниот Р.Д. од селотоТимјаник–Неготино кој се здолбил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Медицински центар Неготино, поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентен центар Скопје. 

Вчера била пријавена несреќа и во 13 часот и 45 минути во Куманово на улицата „Никола Тесла“ кога  мопед “Априлија“ управуван од 16 годишно лице од Виена–Австрија, удрил во пешак.

Се работи за 18-годишната З.А. од Куманово. По незгодата, со возило на Итна медицинска помош, З.А. била пренесена во Ургентен центар Куманово за укажување медицинска помош, каде што и била констатирана телесна повреда. Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица за Безбедност на патниот сообраќај Куманово.

По наредба на Јавен обвинител, патната исправа на 16 годишното лице е привремено одземена.

За незгодата биле известени инспектор за малолетници, како и инспектор за странци од СВР Куманово.

 

 

 

09.07.2017 - 14:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега