Тетовчанка пронашла платежна картичка, па си нарачувала од интернет - еве колкава штета направила

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено навлегување во компјутерски систем“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против  20-годишната А.Љ.од Тетово. Пријавената, казненото дело го сторила на четврти јануари годинава,  со цел   стекнување противправна имотна корист.

Таа од сопствениот  лап топ компјутер, од својот дом во Тетово неовластено навлегла во електронскиот систем на изгубена  „VISA Elektron“ платежна картичка издадена од НЛБ Тутунска банка АД Скопје -Експозитура Кичево, регистрирана и сопственост на жител на кичевското селоТрапчин Дол. Пријавената, тоа го направила откако претходно во Тетово случајно ја забележала платежната картичка што вистинскиот сопственик ја загубил.

Сега пријавената А.Љ. го искористила бројот и кодот од пронајдената платежна картичка и со 33 временски поврзани електронски трансакции извршила трансфер на парични средства кон правното лице “Ali Express“ ,во вкупен износ од 11.142   денари.

 

 

 

15.07.2017 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега