Детали за драмата која се одвивала кај Бит Пазар

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција - Центар и Бит Пазар, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје го предаде 46-годишниот Б.Под Скопје, кој извршил разбојништво за 1.800 денари.

Насилникот околу 13 часот и 25 минути на булеварот „Крсте Мисирков‘‘ поточно зад пазарот „Бит Пазар‘‘, додека постара жена пазарувала и се движела околу тезгите, и го грабнал паричникот од левата рака, во кој имала 1.800 денари и документи. Жената се обидувала да не го испушти паричникот, но насилникот со употреба на физичка сила ја турнал на земја и неколку метри ја влечел и откако ја совладал трчајќи се обидел да побегне. Притоа, тој бил фатен и задржан од страна на трето лице, се до доаѓање на полициски службеници од Полициска станица од општа надлежност „Бит Пазар‘‘ на лице место, по што е лишен од слобода и приведен.

Освен овој случај Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за имотни деликти и малолетничка деликвенција – Одделение за имотни деликти и малолетничка деликвенција - Центар и Бит Пазар, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство - Скопје го предаде и М.А.(44) од Скопје,  поради основи на сомнение дека во периодот од 23.06.2017 година до 18.07.2017 година извршил девет кривични дела „разбојништво“ со што се стекнал со противправна имотна корист од 147.655,00 денари.

Пријавениот кривичните дела ги извршил во аптеки и тоа по две кривични дела во ПЗУ “Зегин Фарм“ лоцирана на бул.„Крсте Петков Мисирков“ и во ПЗУ “Еурофарм“ лоцирана на ул.“Кемал Сејфула“, а по едно кривично дело во ПЗУ “Зегин Фарм“ лоцирана на ул.„Џон Кенеди“, ПЗУ “Зегин Фарм“ лоцирана на ул.“Лазар Трповски“, аптека “Херба“ лоцирана во Поликлиника “Бит Пазар“, аптека “Молика“ лоцирана на ул.“Цветан Димов“ и ПЗУ “Да-Јана фарм“ лоцирана на ул.“Кемал Сејфула“.

Кривичните дела ги извршил со користење на мал пиштол сребрена боја притоа упатувајќи сериозни закани по животот на вработените, по што го одземал дневниот промет од касите во аптеките.

Веднаш по извршувањето на деветтото кривично дело на ден 18.07.2017 година во ПЗУ “Да-Јана фарм“ лоцирана на ул.“Кемал Сејфула“, М.А. кој на главата имал капа и го држел пиштолот во рака) бил забележан како бега во правец кон објектот на Македонски пошти - Чаир.

Во моментот кога бил пресретнат од полициски службеник од ЕПОИ Алфа, пријавениот најпрвин го вперил пиштолот кон него, а потоа истиот го фрлил во дворот од поштата, при што е спречен во намерата да избега и е лишен од слобода.

 По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје од 7 (седум) аптеки се подигнати снимки од редовен видео надзор во кои јасно се гледа пријавениот додека ги извршува кривичните дела.

По извршениот службен разговор со пријавениот, од истиот се одземени паричните средства кои потекнуват од последно извршеното кривично дело и истите се вратени на оштетениот.

 

 

 

 

 

20.07.2017 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега