Полицијата приведе тројца прилепчани а двајца побегнале- еве што се случило

СВР Велес информира дека вчера попладне во терминот од 16 часот и 30 минути до 23 часот и 30 минути во атарот на велешкото село Степанци, кај месноста викана „Дервен“, од страна на велешки полициски службеници во координација со Шумска полиција била извршена контрола на теренот со цел да се утврди дали има лица кои вршат бесправна сеча на шумата и притоа биле затекнати пет лица како бесправно сечеле и превезувале огревни дрва.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, тројца од нив се фатени и се работи за А.И.(30), Џ.М.(24), Т.М.(28) сите од Прилеп.

- Две непознати лица се дале во бегство и не се фатени со вкупно околу 8 кубни метри огревни дабови дрва. Трите запрежни возила, еден патнички автомобил марка „Лада“ без регистерски ознаки и алатот со кој е извршено кривичното дело заедно со исечените дрва се одземени од страна на припадниците на Шумска полиција – Велес, информира Додевски. 

 

 

 

20.07.2017 - 15:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега