Уапсени седум лица кои учествувале во масовна тепачка на плажа во Охрид

Седум лица се приведени откако денеска во 10:50 часот го нарушиле јавниот ред и мир на плажа во комплексот „Горица 3“.

СВР Охрид соопшти дека пет од седумте лица се приведени откако им била укажана медицинска помош во Општата болница во Охрид. 

Физичката пресметка настанала меѓу две помали групи најверојатно поради нерешени меѓусебни недоразбирања по што на местото на настанот пристигнале полициски службеници кои презеле соодветни мерки. Набрзо потоа пристигнале пет лица кои носеле опасни орудија и кои нападнале едно лице на шанкот кое претходно помогнало за смирување на ситуацијата. На местото на настанот пристигнало полициско засилување по што ситуацијата била смирена, а повредените однесени во Општата болница во Охрид. 

СВР Охрид во соработка со јавниот обвинител презема дополнителни активности и работи на целосно расчистување на настанот. 

 

 

 

21.07.2017 - 19:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега