Крвав инцидент на популарна плажа во Охрид - МВР со детали

Во текот на вчерашниот ден околу 10 часот и 30 минути на плажата Немо во Охрид настанала расправија и тепачка помеѓу 57-годишниот Д.Г. од Охрид од една страна, кој стопанисувал со тобоган и шанк на плажата, и 33-годишниот И.К. од селото Прељубиште-Тетово кој бил вработен на шанкот на 52-годишниот А.Б. од Охрид.

Полицијата денеска информира дека во 11 часот и 45 минути И.К. заедно со А.Б. и К. Ј.(39) од Студеничани, Скопје, дошле на локацијата на која биле присутни и А.М. од селото ВелгоштиЗ.Ј.(25) и Д.Н.(26) и двајцата од Охрид и истите физички ги нападнале, при што К.Ј. употребил нож, а А.Б. дрвена летва.

Од нападот, А.Б. се здобил со расекотина во пределот на градите, З.Ј. со расекотини на главата и левата подколеница, а Д.Г. со расекотина на левата рака.

Повреди им се констатирани во Oпшта болиница-Охрид, каде им била укажана медицинска помош. За настанот е запознат јавен обвинител, а сите горенаведени лица се повикани во Полициска станица-Охрид.

По целосно расчисување и документирање на настанот, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.       

 

 

 

22.07.2017 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега