Рамос: Утре повторно ќе имаме состанок со „историјата“
Актуелниот европски шампион Реал Мадрид е подготвен за претстојниот меч против Манчестер Јунајтед во УЕФА Супер купот.
„Кралскиот тим“ во Скопје допатува во најсилен состав, во кој е и првата ѕвезда на Реал, Кристијано Роналдо. Капитенот на тимот, Серхио Рамос, вели дека утре Реал Мадрид ќе има состанок со „историјата“.
-Чувствувам голема гордост што сум капитен на овој тим. Привилегија е да се биде капитен на Реал Мадрид. Утре повторно имаме состанок со историјата. Мораме да се потсетиме дека ова е финале на победникот на ЛШ и ЛЕ. Имаме можност да освоиме уште еден трофеј што би го посветиле на нашите навивачи и следбеници. Навистина би сакале утре да го однесеме трофејот во Мадрид, изјави Рамос на прес конференцијата.
Рамос потенцира дека присуството на Роналдо во тимот е од голема важност и дека Реал е друг кога тој е во составот.
-Кристијано е многу важен играч во нашиот тим. Мислам дека е важно што тој е тука со нас во тимот. Други сме кога е тој тука со нас, без разлика дали игра или не. Поскоро би сакале личните и приватните прашања да ги оставиме на страна и да се фокусираме на мечот, додаде Рамос.
Реал Мадрид ќе атакува на четвртиот трофеј во Супер купот, а воедно втор во низа откако лани во ова натпреварување ја победија Севиља.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа