Билетите за Вардар – Фенербахче вртоглаво скапи

 

Од утре почнува продажбата на билети за натпреварот од плејофот за Лига Европа меѓу Вардар и Фенербахче.

Македонскиот првак Вардар ги објави цените на влезниците, кои речиси се исти како и за Супер куп мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Така најевтината влезница за мечот Вардар – Фенербахче ќе чини 2.000 денари за источната и западната трибина, односно 2.500 за блоковите 1, 6, 13 и 19, и најскапата по цена од 3.000 денари за јужната и северната трибина.

Од таборот на црвено-црните потенцираат дека имателите на Вардар ПАС билети, оние гледачи кои беа присутни на натпреварите со Копенхаген или Малме во ЛШ, и оние кои што ќе приложат билет од некој од минатосезонските натпревари на ФК Вардар, имаат 50 отсто попуст при купување на билет. За нив билетите ќе чинат 1.000, 1.250 и 1.500 денари.

Поради големиот интерес и од безбедносни причини, јужната трибина на „Телеком Арената“ ќе биде резервирана за навивачи на Фенербахче. Навивачи на Вардар и неутрални гледачи, можат да купуваат билети само за западната и за северната трибина од стадионот.

При купување на билет, секој ќе мора да приложи документ за идентификација (лична карта, пасош).

Мечот меѓу Вардар и Фенербахче во Скопје ќе се игра на 17 август. 

 

 

 

08.08.2017 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега