ВИДЕО: На детската радост ѝ немаше крај на средбата со ѕвездите на Реал и Јунајтед
Осумнаесет дечиња со оштетен слух од училиштето „Партение Зографски“, заедно со 16-годишниот Филип се сретнаа со суперѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, како и Жозе Мурињо, пред Суперкупот на УЕФА кој ќе се игра во Скопје.
Дечињата со оштетен слух, кои ќе настапат пред натпреварот од Суперкупот и на знаковен јазик ќе ја испеат „Sky Full Of Stars“ од „Coldplay“, пред мечот се сретнаа со членови на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.
Меѓу дечињата беше и Филип, кому му е дијагностициран алпортов синдром, поради кој бил принуден да престане со фудбалот, иако важел за голем талент.
Очињата на малите деца светкаа кога го видоа Роналдо, како и Мурињо, кој важи за еден од најдобрите тренери на светот. А, кој не би бил среќен кога би бил лице в лице со својот идол?
Извор: Гол.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа