Фудбалската вечер помина без лекарски интервенции

 

 

Ниту од домашните ниту од странските навивачи не завршиле на Токсикологија поради претерано пиење алкохол.

За време од синоќешниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед немало зголемен број на лекарски интервенции од вообичаено, информираа од Министерството за здравство.

- На Клиниката за токсикологија не е примен ниту еден пациент, во службата за Итна медицинска помош не се регистрирани колапси, а само еден странски државјанин со скршеница на рака е транспортиран во Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ – велат оттаму.

Исто така, и од Ургентниот центар во комплексот клиники информираат дека ноќта поминала мирно и без зголемен број интервенции.

Оваа состојба, додаваат од Министерството за здравство, покажува зголемена свесност кај граѓаните и почитување на здравствените препораки.

 

 

 

09.08.2017 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега