Роналдо пред суспензија од 4 до 12 меча
Кристијано Роналдо направи да биде топ тема по завршувањето на „Ел Класико“ дербито кое се одигра на „Камп Ноу“, и тоа поради неколку потези кои заслужуваат посебно разгледување.
Роналдо воодушеви со начинот на кој го матираше Тер Штеген за водство од 2:1 на Реал Мадрид, но иако се чини дека беше престрого исклучен три минути подоцна, во продолжение направи потег кој сега сигурно скапо ќе го чини. Роналдо доби жолт картон за соблекувањето на дресот кој им го покажа на фановите на Барса, а три минути подоцна доби втор жолт картон откако Бенгочеа одлучи дека се обидува да исценира пенал.
Сепак, критичниот потег на Роналдо кој може да му донесе жестока суспензија се случи неколку секунди подоцна, односно кога Португалецот го оттурна судијата кој му покажа црвен картон.
Според правилникот на шпанската федерација, или поточно според точка 96, секое бутање на судијата е казниво со суспензија од 4 до 12 меча.
Роналдо поради добиениот црвен картон ќе го пропушти реванш дуелот во Суперкупот, а поради суспензијата за туркањето на судијата се очекува да ги пропушти воведните четири меча во кои Реал Мадрид ќе ги одмери силите со Депортиво, Валенсија, Леванте и Реал Сосиедад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа