Синоќа драма на Партизанска: Го ограбиле но не виделе кој стои пред нив

Во 23 часот и 15 минути синоќа на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје, две непознати лица извршиле разбојништво врз 43-годишниот А.Џ. од Скопје. Едното лице му одзело чанта во која имало околу 400.000 денари по што побегнало, а другото лице не успеало да избега бидејќи во близина на местото бил фатен од полициски службеник кој не бил на должност.

Тој го привел во Полициска станица Центар. Приведеното лице е 18-годишниот С.А. од Скопје.  Во врска со истиот настан, денеска од слобода бил лишен и 24-годишниот Ш.П. од Скопје. 

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

22.09.2017 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега