Владимир Талески осомничен во „Транспортер 2“

Полицијата достави нови докази до битолското обвинителство за случајот „Транспортер 2“ во кој како осомничен се јавува градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

„По барање на битолското обвинителство, полицијата во врска со предметот со кодно име „Транспортер 2“, кој се однесува на распишан тендер за избор на најповолен понудувач за превоз на ученици во учебната 2015/2016 година, поднесе посебен извештај против лицата С.П.(54), С.Д.(58), В.П.(48), П.П.(51), С.Б.(58) и В.Т.(58), сите од Битола, вработени во Општина Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела – несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластувањето“, велат од МВР.

 

 

 

22.09.2017 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега