Лазаров без промашување против Рајн Некар Ловен
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е најзаслужен за нерешениот резултат на Нант против Рајн Некар Ловен на домашен терен 26:26.
Лазаров вечерва постигна шест голови без промашување, а во финишот беше стрелец на гол за намалување на водството на бундеслигашот на 25:26, за потоа Никола Турно да го изедначи резултатот. Во последниот напад РНЛ не реализираше удар од 7.метри. Голманот на Нант Сирил Думолин го одбрани ударот на Андре Шмит, кој со осум голови беше најефикасен на натпреварот.
Кај Нант покрај Лазаров, шест голови постигна и Роман Лагарде.
Ова беше првиот натпревар од 3.коло од А групата каде Вардар е прв со четири бодови, а РНЛ со денешениот бод има четири, додека Нант е трет со три.
Европскиот првак Вардар дуелот од третот коло го игра дома во недела против Загреб, додека Металург е домаќин на Спортинг во сабота во натпревар од Д групата.
Вечерва се одиграа уште два дуела од третото коло од Лигата на шампионите. Кил го совлада Алборг со 27:26, а Динамо Букурешт беше подобар од Кадетен Шафхаузен со 29:28.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа