Рекол дека нема што да пријави - го фатија на „Александар Велики"

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 30 минути на Граничниот премин-Аеродром „Александар Велики“-Скопје, на излез од Македонија, при извршена контрола во рачниот багаж на 19-годипниот В.К. од Копенхаген бил пронајден гасен пиштол непозната марка, една рамка за истиот и две парчиња муниција, непознат калибар.

Од извршениот разговор В.К. изјавил дека пиштолот го пронашол на падините на Водно за време на неговиот престој во Скопје. Од страна на полициски службеници биле одземени гасниот пиштол, рамката и двете парчиња муниција, по што на В.К. не му бил дозволен излез од Р.Македонија и бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

 

 

 

01.10.2017 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега