Стаменковска: Рашковски да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата

 

Генералниот секретар на криминогената влада на Зоран Заев, Драги Рашковски ако има грам морал треба да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата, истакна Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа вели дека Рашковски без срам иако е Генерален секретар на Владата на Република Македонија се дрзна и да се самопрогласи за член на собранието на акционери на Телеком за да зема хонорари од илјадници евра.

-Однесувањето на Рашковски е неморално и незаконско бидејќи според член 18 од Законот за спречување на судир на интереси, Генералниот секретар не може да биде член на управен или надзорен орган во трговско друштво, јавни претпријатија, агенции, фондови, но и сите други организациони облици со доминантен државен капитал, истакнува Стаменковска.

Стаменковска посочува дека зЗгора на тоа Рашковски упорно молчи за непотизмот што го шири низ државните институции.

-Не е доволно само повлекувањето на неговата баба, Елена Начевска што се именуваше во второстепената владина комисија и повлекувањето на неговиот кум, адвокатот Дејан Костиќ. Овие лица треба веднаш да ги вратат народните пари кои ги испумпаа од буџетот на Република Македонија. Одговорност треба и мора да има. А, 15-ти октомври граѓаните ќе ја казнат оваа влада. СДС убедливо ќе биде поразен, вели Стаменковска.

 
 

 

 

03.10.2017 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега