Полицајци лажно пријавиле дека биле нападнати од мигрант
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против 34- годишниот Б.М и 38- годишниот Б.Д полициски службеници во Прифатен центар за странци при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лажно пријавување на кривично дело.
Пријавените на 4 август пријавиле дека биле нападнати од задржаниот К.Н. од Авганистан.
„По извршените проверки, како и увидот во системот за видео надзор во прифатниот центар за странци, било утврдено дека во дежурната просторија немало физички контакт помеѓу полициските службеници и К.Н., што е спротивно на нивната пријава за кривично дело напад на службено лице при вршење на работи на безбедноста“, соопштија од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа