Мисајлоски: Се запали нашата семејна куќа и изгоре до темел но јас сум среќен човек

Кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Владо Мисјаловски денеска на партискиот митинг во Ѓорче Петров пред насобраните граѓани рече дека во неговото семејство се случила трагедија. 

-Се запали нашата семејна куќа, изгоре до темел. Но, јас сум денес многу среќен човек. Моите родители се живи и здрави и имам многу, многу пријатели. Тоа е нешто непроценливо. Само снајпери горе ќе ме запрат, ништо друго.  Ни тоа нема да ме запре.Ѓорче ќе победи, ќе победи советничката листа, ќе победи Градот Скопје, ќе победи ВМРО-ДПМНЕ во цела Македонија, рече Мисајловски.

 

 

 

03.10.2017 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега