Му ставиле вреќа на глава и го киднапирал - драма во селото Батинци

Во 23 часот и 55 минути во Полицијата Драчево, Б.К. телефонски пријавила дека нејзиниот внук, 20-годишниот К.Б. од село Батинци, истиот ден околу  22 часот и 20 минути, тргнал пеш од  селото Љубош и на околу 50 метри  пред неговиот  дом  застанало возило од кое излегле неколку лица и му ставиле вреќа на главата, го ставиле во возилото и напуштиле местото на настанот.

По некое време К.Б се разбудил на место викано „Ќупријан“ во селото Батинци, повреден. Истиот пеш се упатил кон својот дом околу 23 часот и 40 минути.

Од страна на неговата тетка  со која  живеел била повикана итна медицинска помош при што лицето било однесено во Ургентниот центар во Скопје, за потоа истиот биде препратен во Градската општа болница„ 8-ми Септември“, каде му е укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а за настанот бил запознат и Јавен обвинител.

 

 

 

28.10.2017 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега