Апсење на граничниот премин „Деве Баир“

27- годишен Албанец уапсен на граничниот премин  „Деве Баир“ на излез од Македонија.

Од полиција велат дека вчера  во 08,00 часот на граничен премин „Деве Баир“ на излез од Р.Македонија, при пасошка контрола на 27- годишниот А.К од Република Албанија констатирано е дека  страниците бр. 9 и 10 се од обична хартија, кој лист на прецизен и професионален начин е налепен во патната исправа.

Поради сомнение дека се работи за кривично дело „фалсификување исправа“ истиот е лишен од слобода. 

 

 

 

25.12.2017 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега