Тепачка на Бит Пазар - маж претепан со боксови пред влезот од зградата

Вчера, во три часот од полноќ 32-годишниот И.М. пријавил во полиција дека истиот ден околу 1 часот бил физички нападнат на улицата „Лазар Трповски“ пред влез од зграда, од страна на Џ.З. и И.З., стои во соопштението од полиција.

Како што информираат, И.М. бил нападнат со боксови во пределот на лицето на главата. Причина за физичкиот напад, според пријавата,  биле должничко доверителски односи.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

25.12.2017 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега