МВР: Градоначлникот на Кочани незаконски го субвенционирал јавниот превоз

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Р.Д.(61) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, како градоначалник на Кочани, од декември 2013 година до април 2014 година, без претходно донесена одлука од Советот на општина Кочани за субвенционирање на градскиот превоз на подрачјето на општина Кочани, склучил Договор за вршење на јавен градски превоз за пробен период со „Авто Атом“ ДОО Кочани, врз основа на којшто, за секој продаден билет на превозникот, општината субвенционира половина од износот. На овој начин, пријавениот му овозможил на „Авто Атом“ ДОО Кочани да се стекне со противправна имотна корист, а го оштетил буџетот на општина Кочани за 3.000.690 денари.

 

 

 

 

 

25.12.2017 - 13:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега