Во второто тримесечје имало речиси 5.000 слободни работни места

 

Близу 5.000 слободни работни места имало во Македонија во второто тримесечје годинава. Од нив најголемиот дел се во скопскиот регион 1.617.

Според податоците на Државниот завод за статистика бројот на слободни работни места во вториот кваратал изнесува 4.873, при што стапката изнесувала 1,14 проценти. Највисока стапка на слободни работни места има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна и изнесува 3,9 отсто, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што стапката изнесува 0,06 отсто.

Најмногу слободни работни места има кај петпријатијата со 10 до 49 вработени каде стапката изнесува 1,59 отсто. Во второто тримесечие во овие претпријатија имало 1.559 слободни работни места.

Најголем број на слободни работни места, односно 1601, има за Работници во услужни дејности и продажба.

02.09.2013 - 14:37

најчитано сега