Страшна сообраќајка во Скопје - прегазена жена

Во 19 часот и 35 минути синоќа на улицата „Анастас Митрев“ во Скопје, се случила страшна сообраќајна несреќа.

Полицијата информира дека патничко возило „Шкода Октавија“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот Ѓ.К. од Скопје удрило во пешак.

Се работи за 71-годишната А.Т. од Скопје која се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 

 

 

29.03.2018 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега