Скопјанец го оставил автомобилот пред автосервис на поправка, кога се вратил го немало
Вчера во 12 часот и 40 минути, 39- годишниот Н.К од Скопје пријавил дека во периодот од 28/29.03.2018 година непознат сторител го одзел неговото возило „Рено клио“ од улицата „Мирче Мацан“ во Скопје.
Од полицијата велат дека возилото било паркирано пред автосервис со клучеви во бравата и било оставено за поправка на 26.03.2018 година. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од 120.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.
30.03.2018 - 13:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа