Му извадиле нож: Малолетник нападнат во Скопје

Во 20 часот во Единицата за информации и команда Скопје, 47-годишниот Ј.Т.  од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11 часот на улицата „11-ти Октомври“ три непознати лица извршиле разбојнишво врз неговиот 16-годишен син. 

Сторителите го пресретнале и му го побарале мобилниот телефон. Тој одбил да им го даде, по што лицата физички го нападнале, а едното од нив му се заканило со нож.

Сторителите го одзеле телефонот и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

03.04.2018 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега