Пет години чувал бомба во куќа во Росоман

 
Росоманчанец пет години чувал бомба во куќа на неговата сопруга. Оваа информација за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. Тој информира дека вчера во ПС ОН Кавадарци жена од Росоман пријавила дека во нејзината куќа нејзиниот сопруг околу пет години чува бомба. 
 
- Полициски службеници од ПС Кавадарци излегле на лице место и во една од собите во куќата на пријавителката е пронајдена експлозивната направа.
 
 Бомбата е одземена и предадена за ништење на службите од Дирекцијата за заштита и спасување, нагласува Додевски. 
 

 

 

04.04.2018 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега