Прегазен пешак од Скопје со тешки повреди заврши на Ургентен

Во Секторот за внатрешни работи вчера во 09:20 часот било пријавено дека во Скопје на булеварот „Александар Македонски“ патничко моторно возило „Сеат Алтеа“ со скопски регистерски таблици управувано од 32-годишниот М.А. од Скопје удрило во 39-годишниот Н.Т. од Скопје. 

Пешакот се здобил со повреди и со возило бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. 

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

04.04.2018 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега