Тешко повреден возач во соообраќајка во Скопје

Возач на автомобил е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улица „Васил Чакаларов“ во Скопје помеѓу две возила и камион.

Како што соопшти МВР, сообраќајката која била пријавена во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје се случила помеѓу патничко моторно возило „Хонда” управувано од 27- годишниот С.И од Скопје, патничко моторно возило „Цитроен Саксо” управувано од 38- годишниот З.О од Скопје и товарно моторно возило „Ивеко” управувано од 41- годишниот И.З од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки. 

З.О. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

 

 

04.04.2018 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега