Прегазена жена во Скопје итно пренесена на Клиника

Вчера во 14 часот и 30 минути во Секторот за внатрешни работи Скопје на улицата „Васил Ѓоргов" 69-годишниот Р.В. од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Сеат Ибица" со скопски регистарски ознаки удрил во 61-годишната М.Е. од Скопје.

Со возило на Итна медицинска помош повредената М.Е. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза" каде и биле констатирани тешки телесни повреди и е задржана за понатамошно лекување.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот. 

 

 

 

 

04.04.2018 - 10:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега