Исчезнаа двајца малолетни штитеници на „СОС Детското село“ во Скопје
Вчера во 5 часот наутро во Полициската станица Чаир, негувателка од „СОС Детско село" во Скопје пријавила дека на 03.04.2018 година околу 01:20 часот во непознат правец се оддалечиле двајца малолетници на возраст од 17 и 18 години.
Полицијата ги презема потребните мерки за нивно пронаоѓање.
04.04.2018 - 13:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа