Синоќа пукање во Скопје

Околу 22 часот синоќа во Полициската станица Карпош, Д.П. пријавил дека додека се  движел со патничко возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки по булеварот Октомвриска револуција, од паркингот на хотел непознато лице пукало кон неговото возило, по што со друго возило побегнало во непознат правец.

Д.П. не бил повреден.

Причинета е материјална штета на неговото возило.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

06.04.2018 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега