Пациент дивеел во хируршкото одделение во Велес
Во 10 часот и 15 минути во ходникот на Хируршко одделение во Општата болница Велес, 22-годишниот Д.А.почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон медицинскиот персoнал, сакајќи да се пресмета со нив.
На местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и ги нападнал и полициските службеници.
Д.А. бил приведен во СВР Велес. Се работи на расчистување на случајот.
07.04.2018 - 11:48
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа