МВР со детали за несреќата во која беше прегазена жена- починала на пат кон болница

 

Вчера околу 13 часот и 10 минути  на улица „Лески“ во Штип автобус со штипски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Штип, а управуван од 52 - годишниот В.С од Штип, удрил во пешакот 74- годишната  С.А од Штип.

„Од ударот С.А. се здобила со тешки телесни повреди и во критична состојба била пренесена во Медицинскиот центар Штип, каде во 14 часот и 50 минути починала.“ соопштуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Штип.

 

 

 

12.06.2018 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега