СДСМ: Граѓаните се сплотија и достоинствено ги прославија историските успеси на Македонија
„Во 15 градови ширум Македонија, со повеќе од 40 музичари и со македонска музика, граѓаните се сплотија околу националните интереси и го прославија огромниот успех, покана за влез во НАТО и датум за почеток на преговори за членство во ЕУ“ пишува СДСМ во денешното соопштение.
Од партијата наведуваат дека ВМРО-ДПМНЕ со денови водеше организирана хајка против националните и стратешки интереси на државата, против домашната, македонска музика, против домашните македонски музичари. На крајот, не им успеа, настаните се одржаа, музиката ечеше низ цела Македонија, граѓаните прославија гордо и достоинствено.
„Десетици илјади граѓани, без притисоци, без списоци и уцени како што тоа своевремено го праваше ВМРО-ДПМНЕ, слободно и по сопствена волја излегоа и прославија ширум Македонија.ВМРО-ДПМНЕ мора да се одважи и да престане со создавање поделби и сеење омраза кон граѓани и музичари. Без разлика дали тоа му се допаѓа или не на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните даваат силна поддршка за интеграциите на Македонија во НАТО и ЕУ. СДСМ им се заблагодарува на сите граѓани што беа дел од синоќешните прослави и изразува благодарност до сите вклучени страни кои ги поддржаа настаните“ стои во соопштението од СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа