Ѓорѓиевски: Граѓаните се длабоко разочарани од политиките што ги води СДСМ и владата на Заев

 

 

Вчера во Општина Демир Капија, имаше теренска посета Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ заедно со својот тим.

– Согласно контактите кои што ги имав со граѓаните од Општината Демир Капија, мислењата не се ништо различни од претходните општини кои што ги посетивме, а тоа е дека граѓаните се длабоко разочарани од лошите политики кои што ги води СДСМ и Владата на Зоран Заев, нагласи Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски додаде дека се дискутираше за актуелната политичка состојба во нашата држава и на сите теми кои што ги засегаат граѓаните на Република Македонија, меѓутоа целокупната слика не е воопшто поразлична од другите градови во кои што изминатиов период биле.

– Ние како политичка партија го кажавме нашиот став. Ние ќе му порачаме на Зоран Заев дека нема да дозволиме таа катастрофа која што и ја прави на Република Македонија вечно да трае, потенцираше Ѓорѓиевски на вчерашната средба со граѓаните во Општина Демир Капија.

 

 

 

21.09.2018 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега