Али Ахмети од Форино: На 30 септември ќе победат прогресивните сили

 

Демократската Унија за Интеграција одржа средба со жителите  на село Форино, каде го претстави ставот зошто треба да се гласа ЗА Европска Македонија на референдумот на 30 септември бидејќи ќе се отвори патот за членство во НАТО.

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети им објасни на жителите на село Форино  дека земјата се наоѓа пред историски и неповторлив момент затоа што 30 септември е историски датум.

"Граѓаните се одговорни и свесни дека на 30 септември не се гласа само еден обичен договор помеѓу две земји, не се гласа постигнатиот компромис, туку се гласа иднината, историјата на ова земја, дали ќе стане членка на НАТО и ЕУ, дали ќе победат прогресивните или регресивните сили. Јас сум многу сигурен дека прогресивните сили ќе победат на 30 септември, бидејќи секоја политика партија во својата програма имаше дел за зачленување на земјата во НАТО и ЕУ. Ова е историски момент за сите граѓани на Македонија затоа што доаѓањето на странските дипломати во нашата земја е потврда за пријателство и затоа ние треба да гласаме ЗА на 30 септември", истакна претседателот на ДУИ, Али Ахмети. 

Демократската Унија за Интеграција за време на денешниот ден, следната активност во рамките на кампањата за референдумот ќе ја продолжи во Општина Теарце и во село Чегране.

 

 

 

21.09.2018 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега