Рангелова: Нема да гласам за уставни промени
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова ги демантира сите шпекулации кои излегоа во јавноста за тоа дека ќе гласа за уставните промени кои произлегуваат од Преспанскиот договор за промена на името на Република Македонија.
– Отворено кажувам дека нема да гласам за уставни измени, ваквите информации произлегуваат од внатрепартиските шпекулации. Договорот кои го потпишаа Коѕијас и Димитров како што кажав и претходно е штетен за Република Македонија, вели Рангелова за А1он.
02.10.2018 - 16:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа