Уапсен директорот на Нова Љубљанска банка

 

Синоќа беше уапсен директорот на НЛБ Јанко Меѓа, за кој е покренато обвинение дека профитирал користејќи ги инсајдерските информации дека „Агрокор“ сакал да го превземе Меркатор, пишува јутарњи лист.

Се уште словенечката полиција не ги открива имињата на лицата и на компаниите кои биле вклучени во скандалот, но според неофицијалните информации на словенечките медиуми станува збор токму за Јанко Меѓа, директорот на Нова Љубљанска банка, кој во 2011 година беше прогласен за млад менаџер  на годината, а во 2012 беше член на Управниот одбор на словенечката Уникредит.

Во 2009 - та година словенечката полиција во соработка со хрватските власти ја започнаа истрагата.

21.09.2013 - 11:52

најчитано сега