Турција со најмногу новороденчиња во Европа
Според податоците на Канцеларијата на статистика на Европа Турција има најмлада нација во Европа, со просечна возраст на жителите од 29,7 години, а стана европски првак по бројот на новороденчиња во изминатата година со 1.279.864 бебиња.
Како што пренесува Анадолија турската младин, чиј број е во постојан пораст, е основен двигател на развојот на земјата и главен магнет за странски инвестиции.
По Турција, според бројот на новороденчиња измината година е Франција со 822.884 бебиња, потоа следува Велика Британија (812.970), Германија (671.000) и Шпанија (456.778).
Лихтенштајн е земјата во која лани се родиле само 356 бебиња и тоа е најмалиот забележан број во европските земји, но тоа и не е чудно ако се земе предвид дека земјата има само 36.475 жители.