Николова: Апелирам до сите пратеници, да гласаме за уставните измени и да обезедиме иднина во ЕУ и НАТО

 

„Исправени сме пред мошне значајна, историска одлука за сите наши граѓани и нашата држава. Сега е моментот на одговорност и делување, зошто не се знае дали некогаш воопшто ќе ја имаме оваа шанса. Комисија за уставни прашања ги поддржа уставните амандмани , следен чекор е пратениците да ја донесат сопствената одлука и со тоа да бидат запишани како учесници на донесувањето на најважната одлука за државата и воедно за граѓаните“, рече Јулијана Николова, пратеничка во Собранието на Република Македонија од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата“  Јулијана Николова, пратеничка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата..

„Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да ги поддржат овие амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава.

Сегa е моментот сите заедно, со заеднички сили да покажеме колку ни е грижа и колку и сакаме најдобро на нашата земја обезбедувајќи и светла иднина и членство во ЕУ и НАТО“ кажа Николова и додаде:

„Граѓаните го искажаа својот став, мнозинството ја даде својата поддршка за тоа Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО.

Затоа, ние како нивни претставници треба да ја послушаме нивната волја и да ги подржиме уставните амандмани.

Се докажа дека со нив не се губи ништо туку напротив, се гарантира идентитетот, неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста.

Како пратеници имаме должност и одговорност за донесувањето на оваа сериозна одлука.

Никој нека не се надева на амнестија. Доколку раководството на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму тврдоглаво ја турка Македонија во бездна, решението се предврмени избори, веднаш.
Нема бегање од волјата на граѓаните.

Апелирам до сите , да ја донесеме најзначајната одлука за нашата држава и да гласаме за уставните амандмани. Да бидеме горди што сме и го отвориле патот на нашата држава во ЕУ и НАТО и заедно сме обезбедиле иднина!“, изјави Николова на денешната прес-конференција.

 

 

 

14.10.2018 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега