Касами: Уставните измени се и генератор на мир меѓу Македонците, Албанците и другите заедници
Обезбедувањето на 2/3 од гласовите во Собранието за отворање на патот за промени на уставот на државата е многу важен чекор не само за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, туку и можност преку логички аргументи и конкретни предлози да се интервенира за појаснување и зајакнување на правата нa Албанците во Македонија со укинување на навредливи стапки на проценти. Со измените уставот ќе биде генератор на мир, стабилност и хармонија меѓу Македонците, Албанците и сите други етнички заедници, вели Биљал Касами од едното крило на движењето БЕСА.
„Сега е можноста да се донесе устав со вредносни параметри на европските држави за да се докаже дека влезот во големото семејство на НАТО и ЕУ е одраз на прозападната определба на граѓаните на Македонија.“ вели Касами.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа