ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе одржи Централен комитет

 

ВМРО ДПМНЕ вечерва ќе одржи Центарлен комитет, на кој ќе се разговара за последните политички случувања и гласањето во петокот во Собранието.

Осумдесет пратеници, меѓу кои осум од  ВМРО-ДПМНЕ гласаа за уставни измени после што ИК ги исклучи од партијата.

Но, неофицијално се шпекулира можни две сценарија.

Според едни, партијата размислува да го исклучи од членство Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, бидејќи се смета дека наводно, Мијалков е тој кој ги убедил седуммината пратеници од партијата да гласаат ЗА уставните измени во петокот. 

Второто сценарио, за кое се зборува, е дека членството ќе бара оставка од претседателот Мицкоски, бидејќи не успеал да ги тргне настрана криминалните структури во партијата и останал да биде раководен од Груевски, Мијалков и Мартин Протогер.

 

 

 

22.10.2018 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега