Стојановска со поддршка за Мицкоски: Кога е најтешко, тогаш се познава јунаштвото
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМН, Дафина Стојановска на својот официјален Фејсбук профил ја изрази поддршката за лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
„Кога е најтешко, тогаш се познава јунаштвото!
Оној кој попуштил на притисоците, тој не бил јунакот.
За Македонија јунаци изгинале. Истите и ден денес се слават и опејуваат. Историјата пишува и ќе пишува. Борбата продолжува... Кој е подготвен со чест и истрајност на сите предизвици кои ни претстојат, тој ќе биде јунакот на современата историја. Од нас зависи, дали ќе попуштиме или ќе истраеме. Јунак или слабак??? Одлуката е моја, и твоја, и на сите кои останавме достоинствени на браникот на татковината. Одиме понатаму, со гордо исправени глави, со чисти срца.
За Македонија, заедно со нашиот лидер Христијан Мицкоски!“, напиша Стојановска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа