ВМРО-ДПМНЕ: Трае македонската борба за самоопределување и самоидентификација
Денес по 125 години македонска борба за самобитност, слобода и право на самоопределување, Македонците во Република Македонија се соочуваат со истите историски предизвици. И денес борбата извира од љубовта кон Македонија и таа е основата која поврзува сите овие години, не правејќи разлика по ниеден друг основ.
И денес трае македонската борба за самоопределување и самоидентификација.
И денес оние кои покажуваат љубов кон Македонија, кон татковината, кон традицијата, кон македонскиот идентитет се жртви на геноциден режим кој затвора и цензурира интелектуалци, политички неистомисленици, уметници, патриоти.
Денес македонската борба е соочена со предизвик од капитулантска инсталација на власт креирана од домашни квазиполитичари и мафијашки структури предводени од Зоран Заев.
Денес марионетската капитулантска инсталација на власт знае дека продажбата на светото име Македонија, македонската посебност и идентитет, нема да ги спасат.
Ниту криминалот создава правна држава ниту капитулацијата е европска вредност.
Денес оваа марионетска капитулантска мафијашка тројка е на патот кон буништето на историјата.
Денес ВМРО-ДПМНЕ чекори по патот долг 125 години, без багажот на предавствата на идеалите.
ВМРО извира од народот и од Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ останува со народот кој што јасно порача НЕ на капитулацијата!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа