СДСМ: Во 2019 повеќе пари за сите - новиот Буџет ќе донесе подобар живот

„Мерките во предлог Буџетот за 2019 обезбедуваат социјална праведност, повеќе пари кај граѓаните, зголемена социјална помош до 300 отсто, над 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток.“ - велат од СДСМ во писмено соопштение. 

Реформите во социјалната сфера, вклучени преку мерки во предлог Буџетот за 2019 година, обезбедува и унапредување на системот за социјална заштита, поголема социјална праведност, повеќе пари и кај најранливите граѓани.

Во 2019 започнува целосна реформа на системот за социјална заштита, создаваме фер систем кој извлекува од сиромаштија и нуди повеќе услуги за граѓаните, за што во Буџетот ќе се обезбедат дополнителни 2.2 милијарди денари.

Преку воведување на гарантиран минимален приход и „семеен пакет на права“ се обезбедува значително поголема парична поддршка на социјално загорзените семејства.

Примателите на социјална помош, добиваат и до 300 отсто зголемена помош. Истовремено, се олеснува пристапот до надоместокот на 24 000 домаќинства кои во моментот добиваат социјална помош, а се отвора можност да бидат опфатени и дополнителни 11.000 домаќинства.

Повеќе од 60.000 деца добиваат детски и образовен додаток коишто ќе имаат за цел да извлекуваат од детска сиромаштија.

Истовремено, ќе се спроведат интензивни мерки за подготовка и активација на граѓаните од социјално ранливите категории на пазарот на трудот.

СДСМ останува посветена на заложбите за градење на фер и праведно општество, преку спроведувањето на зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните - велат од СДСМ

 

 

 

20.11.2018 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега