Мицкоски од Гевгелија: Ние ќе го победиме стравот, ќе го прекинеме молкот, ќе ја победиме црнината

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера беше во посета на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија, каде оствари средба со голем број на членови и симпатизери на партијата.

Тој пред присутните истакна дека владата на Зоран Заев и СДСМ на граѓаните им донела мрак и црнило, наместо подобри услови и стандарди за живот.

Според него ова што го создава актуелната власт е само обид да завладее молк и да царува стравот помеѓу граѓаните во Република Македонија, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи тоа.

-И овие црнила се со цел создадени, за да завладее молкот, за да царува стравот, за да доминира беспарицата, за да владее болката и неизвесноста, за да не се зборува за неправдите, за да не се делува против обесправеноста, сиромаштијата и давачките, црното здравство, образованието кое нема квалитет, земјоделието кое се урива, младите кои си заминуваат за да не се вратат. Ние ќе го победиме стравот, ќе го прекинеме молкот, ќе ја победиме црнината, вели Мицкоски.

Мицкоски се осврна на економските политики на владата на СДСМ и Заев, потенцирајќи дека македонската економија доживуваат целосно фијаско.

-Зборувам за економското фијаско, зборувам за сите овие црнила и темнини кои што ни се случуваат, сите овие лаги целиот овој неморал, целиот овој криминал што се случува во македонското општество.  Сето ова тонење кое што се случува не само морално туку и економски, општествено секако тонеме по во било кој параметар, кажа претседателот Мицкоски.

Тој на крај, рече дека тој лично не може да се сети на ниту еден добар проект на Владата на СДСМ и Заев, додавајќи дека не верува дека ќе има нешто добро и во наредниот период во кој што следува.

Претседателот Мицкоски, им порача на граѓаните на општина Гевгелија, да издржат во ова истрајна борба против ова црно време, црна сиромаштија и црно владеење на Зоран Заев, нагласувајќи дека со ВМРО-ДПМНЕ ќе изгрее зората на слободата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2018 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега