Стоилковски: Не запира бранот црни вработувања и партизација на администрацијата
Не запира бранот на црни вработувања и партизација на администрацијата по црниот тефтерот на криминогената власт, на општинските организации на СДСМ, список креиран според тоа кој има поголеми партиски заслуги. Тоа не е европска туку црна вредност на Зоран Заев, тоа не е патот кон Европската Унија, туку пат на уништување на државата од оваа криминогена власт, ова денеска на прес-конференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Серијалот на прес конференции за црна партизација на администрацијата, го продолжуваме со партизацијата на ЈП Македонски шуми, каде тече мрачниот систем на оваа криминогена власт по теркот „Ќе смениме се од хигиеничар до министер и така имаме намера да владееме“, најавен и реализиран од Зоран Заев. Само годинава на буџетот на ЈП „Македонски шуми“ вметнати се најмалку 30 партиски членови на СДСМ и тоа од роднини на Кавадаречкиот генералниот директор на Македонски шуми, до синови, ќерки и внуци на директори на подружници и сектори на истото Јавно претпријатие, роднини, деца, внуци на градоначалници, на референти, на други раководни лица, но со една заедничка линија- партиската определба. Оваа акција е спроведувана подружниците во Кавадарци, Гевгелија, Демир Капија, Берово , Македонски Брод, Скопската дирекција, Свети Николе, Струмица, Демир Хисар, Штип, Пехчево, Крива Паланка, Делчево, Радовиш, Кратово, Охрид и на многу други места. Ова е дел од проектот за партиски вработувања според црни списоци правени во општинските организации на СДСМ за пополнување на администрацијата, нејзина целосна партизација со вработувања во општините, училиштата, градинките, и Јавните претпријатија Комунална хигиена и Македонски шуми. Црната мрежа за партиски вработувања е правена само и само по припадноста и залагањата за партиските политики на СДСМ, потенцира Стоилковски.
Тој додава дека црната партизација на администрацијата во ЈП Македонски шуми е продолжение на полнење на администрацијата со мајки, сестри, тетки, вујни, деца на актуелни пратеници и функционери во извршната власт, во локалната власт, на градоначалници, на видни членови и звучни имиња од социјалдемократскиот табор.
-Врз вакви зафати се темели црниот план за економски раст на СДСМ. Врз вакви мрачни зафати се планира буџет на државата, распределбата на пари за општините за отплаќање на нивните долгови. Наместо на рационализација на администрацијата на централна и локална власт, во служба на граѓаните, криминогената власт преку црни тефтери ја полни администрацијата со партиски подобни кадри. Оваа црна политизација е пример за непотизам, ова е пример за партизација на администрација, нејзино максимално обременување и пат кон неефикасност. Тука во овој мрачен систем нема место за професионалци. Оваа криминогена власт која што ја зацрни РМ нема место за граѓани без партиска книшка на СДСМ. Во Животот според СДСМ во државата има работа само и само за партиски војници и роднини на партиските функционери. Одговори на прашањата за црната партизација на администрацијата мора да има. Одговорност за овој мрачен период на Република Македонија мора да има. И ќе има, многу скоро, истакна Стоилковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа